Background concept wordcloud illustration of health coaching

За Елиза

Пo повеќе од 8.5 години работење како стјуардеса и живеење практично од куфер, работеќи долго во ноќните часови и без скоро никаква физичка активност, конзумирање на нездрава храна, многу стрес во текот на работните денови и борба со сопствените здравствени проблеми како анксиозност и промена на расположение, конечно се освестив... Знаев дека не можев да продолжам да го одржувам ова темпо на живот на долгорочен план и посакав да го направм својот живот поедноставен и да почнам да живеам во хармонија со природата.

Живеејќи во свет во кој константно сме условени да се стремиме кон исполнување на нашите цели и желбата за успех и валидација, сакав да најдам начин да содадам баланс и да живеам живот кој го сакам. Ми требаше вистински да ги негувам своето тело и душа... Посакував да се поврзам со себеси, да ги подобрам своите навики и да ги поттикнам сите да доживеат благосостојба и да станат најдобрата верзија на себеси.

И сега, кога конечно чувствувам дека се поврзав со својата страст и цел, сега кога го најдов свој вистински повик, имам благородна мисија и една многу лична и длабока порака да ја споделам со светот:


Сите ја имаме моќта во своите раце да ја превземеме контролата врз нашето здравје. Сите можеме да спречиме или излечиме било која болест и да почнеме да се чувстваме животворни повторно.

Во ноември 2021 година завршив на Институтот за интегративна исхрана каде што имав можност да учам од најголемите експерти во светот за исхрана и благосостојба, разни диетални теории и практични методи за животен стил кои ќе ви помогнат да создадете позитивен живот и да ги промените своите навики, кои ќе ви помогнат да се подмладите, да го ослободите својот ум, да го негувате вашето тело и да ја храните вашата душа.

integrative-nutrition-health-coach-inhc
Certified Integrative Nutrition Health Coach

Па затоа ако немате енергија, се чувствувате фрустрирани, имате магла во мозокот, осипи, не можете да ги изгубите потребните килограми, уморни сте од земање на различни лекови со непосакувани ефекти и сте спремни повторно да почнете да се чувствувате добро но не знаете од каде да почнете, овде сте на правилното место.

По завршување на програмата ќе го разберете, ќе го цените и ќе продолжите да го користите овој холистички пристап кон вашиот животен стил.

Да разговараме за тоа!

Book a free introductory transformational call at ask@cravetowellness.com to discuss your situation and help you determine if my coaching is right for you.

mk_MKMK
Оди најгоре